В понеделеник седница на Советот на општина Куманово

В понеделник ( шести декември) ќе се одржи седница на Советот на општина Куманово. Советниците, но и кумановската јавност ќе имаат можност да се информираат за преземените мерки и активности од страна на Полициската станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од годинава, да расправаат за извештаите за финансиско работење  на јавните претпријатија „Водовод“, „Чистота и зеленило“, „Куманово-гас“ и „Куманово- план“, за предлог-одлуката за уредување на општинскиот линиски превоз на патниците, како и за дополнувањето на Планот на програмите за развој на Општина Куманово за 2021 година.

На втората седница ќе се дискутира и за буџетот на општината, а ќе се избираат претседатели и членови на повеќе комисии.