Младинскиот оркестар при Националната установа Центар за култура вчеравечер одржа годишен концерт во Занаетчискиот дом. Оркестарот веќе е препознатлив по постојаните вежбања и проби, награди и настапи, а е во состав од културните ентузијасти: Филип Гелевски, Филип Стојковски, Никола Стојковски, Мима Младеновска, Иван Стајковски, Иван Михајловски, Јовaн Цветковиќ, Петар Штерјовски и Анастасија Филиповска. Стручен соработник за музичката дејност е Александар Митрички. Повеќе детали за синоќешниот концерт од изјавата на Митрички.
(ВИДЕО) Годишен концерт на Младинскиот оркестар при НЦУК
