Пожарникарите интервенирале на опожарен оџак на зграда

Екипа на територијалната противпожарна единица Куманово последниве 24 часа бележи интервенција на опожарен оџак.

Во единицата било пријавено дека околу 20 часот е опожарен оџак во станбена зграда на улицата Народна револуција. Интервенирано е со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, стои во дневниот билтен од РЦУК.