ВИДЕО: Намален броj заболени и хоспитализирани, но послаб и интересот за вакцинација

Значајно е намален бројот на хоспитализирани во кумановската болница. Истовремено е намален и бројот на новозаболени од коронавирусот. На двата оддели, во модуларната болница и на инфективно се лекуваат 38 пациенти. За 50 проценти е помал и бројот на прегледи во дневната амбуланта.

Согласно статистиката Куманово повеќе не е меѓу трите градови со најголем број на позитивни случаи. Според вчерашната статистика на Министерството за здравство, активни на вирусот во моментов се 156 лица.

На пунктот на Здравствениот дом продолжува имунизацијата против ковид 19. Дневно велат се вакцинираат околу 200 лица, а вкупно имунизирани со две дози се 46.000 граѓани од североистокот. Трета доза примиле над 4.000 лица, претежно здравствени работници.

егистрираме зголемен интерес за примање на втората и третата доза а имаме пад на бројот на лица кои се заинтересирани за прва доза. Падот на бројот на заинтерсирани лица кои сакаат да примат прва доза може да се должи на намалениот број мерки кои се во моментов активни и во пресрет на новогодишните празници избегнуваат. Апелирам до сите граѓани кои досега не се имунизирале, да дојдат што поскоро бидејќи е краен момент да се имунизираат да ги заштитат своите блиски и себе си, во пресред на празниците да ги почитуваат мерките и да се имунизираат бидејќи досега најефикасно оружје е вакцинацијата-истакна д-р Монализа Мемети, Здравствен дом Куманово.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани над 13.000 случаи позитивни на коронавирусот.