Седум компјутери и 16 специјализирани речници на англиски јазик донираа претставниците на командата на бригадата на Југоисточна Европа-СИБРИГ, на основното училиште „Крсте Мисирков“.
40-те претставници на армиите на Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција, кои од лани се сместени во Куманово, активно се вклучуваат во повеќе хуманитарни и еколошки акции. На почетокот на годинава имаа донираа медицинска опрема и за општата болница.
-Имаме можност да бидеме тука и да понудиме симбличен подарок на оваа основно училиште од Куманово како знак и доказ за почита не само за наставниците кои вршат многу важна работа со учениците, туку и за целото општество и властите за одличната соработка овие 17 месеци откако беше преместено седиштето во вашиот град-истакна Аристедеис Илиопулос, командант на Бригада на Југоисточна Европа – СИБРИГ, бригаден генерал.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски истакна дека општината одлично соработува со организацијата, која придонесува и за поголемо ниво на безбедност во градот.
-Ова е еден од многуте успешни проекти во делот на цивилно воената соработка со СИБРИГ бригадата во нашиот град. Тие се веќе присутни 17 месеци, претставници на повеќе држави во овие мултинационални мировни сили во градот, секогаш подготвени да излезат во пресрет и да помогнат на колективната безбедност, во државата и регионот. Ја поздравувам и нивната мисија и посакувам понатамошно да продолжи соработката на едно високо и успешно ниво. Воопшто не разговараме за висината на донацијата туку самиот гест кој што го направија припадниците на СИБРИГ бригадата за нас е од големо значаење и јас верувам дека овие проекти ќе продолжат и во иднина-посочи тој.
И од училиштето „Крсте Мисирков“ изразија благодарност за донацијата. Се надеваат дека на овој начин ќе се придонесе и за поквалитетна и практична настава.
-Станува збор за 7 компјутери и 16 англиски речници се разбира дека ќе помогнат во квалитетот на образовниот процес . Оу Крсте мисирков со декади покажа дека има високи постигнувања се радуваме на вакви дополнителни вложувања и донации кои ќе придонесат за да го одржиме она ниво на училиште да може и во иднина да имаме високи успеси-нагласи директорот Филип Колевски.
-Реално немаа сите можност да работат сите со компјутери сега ќе имаме целосна опременост ќе ги дополниме празните места каде што учениците немаат можност да работат со персонални компјутери и сега ќе биде поквалитетна и практична наставата-посочи Бобан Поповски, наставник по информатика.
Бригадата на Југоисточна Европа е формирана во 1999 година, врз основа на договорот за регионална соработка на полето на одбраната, кој во 1998 година беше потпишан во Скопје. Од 2020 до 2026 година е со седиште во касарната Боро Менков во Куманово.
