Осум нови случаи на Ковид-19 во Куманово

Нови 298 случаи на КОВИД-19 во државата, регистрира министерството за здравство во текот на изминатото деноноќие, од нив осум новозаболени се од Куманово. Евидентирани се и 335 оздравени пациенти, од кои десетмина се кумановци.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица, меѓу нив нема наши сограѓани.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 5.451, од нив  156 се во Куманово.