Со делење на благодарници општинската организација на Црвениот крст во Куманово им се заблагодари на младите волонтери, кои годинава беа активни на терен. Младите како што истакнаа од организацијата се соочија со предизвици, почнувајќи од пандемијата, делење хуманитарни пакети, имунизацијата на пунктот, пожарите.
-Започнавме со вклучување и превенција во делење на хуманитарни пакети, имунизација на вакциналните пунктови, гасење на пожари. Oвој ден е во знак на благодарност кон луѓето кои се вклучија и помогнаа да се направи промена. По тој повод сме тука ќе доделиме благодарници на нашите „мали, но големи херои“ на локално ниво. Воедно може да се проследат и нашите фотографии направени од теренски активности, настани-истакна Ивана Стојановска, заменик лидер на клуб на млади Црвен крст Куманово.

