Во тек е изградба на нова ограда на училишниот двор во средното училиште „Перо Наков”. Активно се работи на партерно уредување во дворот на училиштето, по што ќе следува и замена на прозорци со нови енергетско ефикасни ПВЦ прозорци на дел од училиштето каде што не се заменети, нова енергетско ефикасна фасада и замена на врати во внатрешниот дел на училиштето, информираше градоначланикот на Куманово, Максим Димитриевски на Фејсбук.
Почна реконструкцијата во СОУ „Перо Наков“
