Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска подели 50-ина пакетчиња на децата сместени на детското одделение при општата болница.
-Традиционално како секоја година во пресрет на дочекот на новата и испраќање на старата 2021сме во посета заедно со Дедо мраз на детското одделение во нашата болница во Куманово, да ги посетиме најмалите дечиња кои што се тука и да им врачиме новогодишни пакетчиња. Во оваа прилика сакам да ја честитам новата година на сите деца во нашиот град и да посакам убави новогодишни и божиќни празници на сите кои што прославуваат-истакна градоначалникот на Куманово.
