На Табановце приведено лице по распишана потерница

На граничниот премин „Табановце“, утринава нешто по 05 часот, при влез во државата, лишен е од слобода Е.Х.(27 години) од гостиварски Добри Дол, информира полицијата. По извршена проверка од полициските службеници било констатирано дека за него бил распишана потерница за издржување на казна затвор поради сторени кривични дела. Тој бил приведен во полициска станица по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.