Откриени десет мигранти од Индија, приведено едно лице

Полициски службеници од Одделението за  прекуграничен криминал, миграции и странци Куманово при регионалниот центар за гранични работи Север, денеска во 11 и 15 часот, го лишиле од слобода Х.Х. (31 година) од Индија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Имено, околу 01.30 часот во село Речица, кумановско, биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија, а по извршениот службен разговор било утврдено дека Х.Х. илегално ги пренесувал мигрантите од Република Србија до земјава, информира полицијата.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Лицата мигранти биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Табановце“.