Општинската организација на Црвен крст Куманово информира дека утре во просториите на Центарот за култура ќе се одржи традиционалната крводарителска акција, која што ја организира Рибарско друштво Мак – Дам од Куманово. Акцијата ќе започне во 10 а ќе трае до 17 часот.
Се покануваат сите заинтересирани крводарители доброволно да даруваат крв, а настанот ќе се реализира согласно здравствените протоколи.
