Здружението Живот и Комората на органски производители од Куманово го организираат петтиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2022“ и првиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки Агро Мак 2022, кои ќе се одржат од 30-ти до 02 октомври пред градските базени во Куманово.
На оваа тема во Дневникот на ТВ Плус зборува Драган Цветковиќ, претседател на Комората на органски производители.