Започна вториот циклус од обука за негователи во Црвен крст
Во рамки на проектот „Ковид 19- Одговор на подобрување на социо- економската ситуација на маргинализираните лица во 6 држави на Западниот Балкан”, од вчера општинската организација на Црвениот крст започна со реализација на верификуваната програма за Обука за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. Обуката ќе ја спроведуваат четворица стручни едукатори. Проектот е поддржан од Австриската агенција за развој и Австриски Црвен крст, каде 12 долгорочно невработени жени во период од октомври – декември ќе следат обука која има цел да ги оспособи идните негувателки да се стекнат со знаења и техники од областа на негата во домашни услови, психосоцијална поддршка како и теоретски и практични знаења за помош и нега на старите лица и лицата со попреченост. Со реализација на оваа обука и по успешно завршување на истата, кандидатите ќе се стекнат со сертификат за негувател на стари лица и лица со пореченост во домот.