По повод „11-ти Октомври“ планинарите на Козјак
Здружението за планинарење и заштита на планината ,,Козјак 2013″ на 16-ти месецов, ќе ја изведе традиционалната клупска акција на матичната планина Козјак, по повод националниот празник „11 Октомври“.
Ќе се посети Кокино-познатата мегалитска опсерваторија. Акцијата ќе започне во 8 часот од боровата шума во село Жегљане.
Патеката е уредена и средно тешка, долга околу 16 километри. Опремата е согласно временските услови. На акцијата ќе има водичи кои ќе се грижат за реализацијата.
Организаторите ги повикуваат заинтересираните на омилената дестинација да го прослават големиот македонски празник, на планината каде и се воделе битки за нашата земја.
Кајрон: По повод „11-ти Октомври“ планинарите со акција на Козјак