-Сведоци бевме на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ Куманово кои излегоа со прашањето: Кој ќе преземе одговорност за проблемите во образованието ? Во најмала рака е лицемерно што ова прашање го поставува токму онаа партија која додека беше централна власт, во Куманово не вложи ниту еден денар во образованието, а да не заборавиме дека во нивно време наставникот беше деградиран и понижен, а на товар на учениците им беше небулозното екстерно тестирање. Проблемите кои произлегуваат од образовниот процес не се решаваат со прес-конференции, туку со работа, одговорност и посветеност, а раководните структури поставени од коалицијата помеѓу ВМРО -ДПМНЕ и „Наше Куманово“ треба да се фатат за работа и да придонесат за подобрување на самиот образовен процес во училиштата.
Почитувани граѓани, образованието денеска и онаа во време на режимот едноставно не се споредува. Денес се вложува во опрема, во нови технолошки помагала, целосно се реновираат училиштата со пари од Владата, а особено во Куманово, покачени се платите на наставникот, учениците се ослободени од екстерното тестирање,а сето ова со цел враќање на достоинството на наставникот кој треба и мора да има пристоен живот, а на учениците да им се пружи образование на нивото на европските држави.
Со СДСМ како предводник на Владата условите во образовниот процес ќе го достигнат нивото кое на нашите граѓани ќе им овозможи квалитетно образование и можност за надоградување и напредок во личниот развој, а со личниот развој на секој поединец ќе напредуваме и сите ние како општество, рече Александар Митрички, портпарол на ОО СДСМ Куманово на денешната прес-конференција.