ВИДЕО: Димитриевски побарал од Ковачевски да се предвидат средства за уредување на Спомен костурницата

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски побарал од премиерот Димитар Ковачевски да се заложи, да предвиди средства за идната година за уредување на Спомен костурницата во Куманово каде со децении наназад се одбележува 11 Октомври, информираше во вчерашната изјава за медиумите.

-Првата работа денеска што му ја спомнав на премиерот Ковачевски беше токму тој проблем. Ние како општина во континуитет на оваа локација Спомен Костурница вложуваме, изградивме и спортски терени, во фаза сме на градба на дополнителен амфитеатар, но овој комплекс каде што стоиме во моментов е под директна надлежност на државата бидејќи е комплекс од прва категорија и првенствено значење за државата како споменик и како спомен обележје и потребна е интервенција од страна на Министерството за култура. Имаше голем број на ветувања, до ден денеска гледате дека една шајка тука не е заковано. Му напоменав на премиерот да има предвид во следниот буџет за 2023 година да се предвидат средства па времето ќе покаже дали тоа ќе го сторат. Како и да е, општина Куманово го одржува комплексот околу споменикот и мислам дека имаме вложено над 250.000 евра, изјави Димитриевски.