Продолжува изградбата на пругата Куманово-Бељаковце
Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници“ ја известува јавноста дека продолжува реализацијата на проектот „Реконструкција и изградба на Железнички коридор 8, делница Куманово – Бељаковце“.
Мобилизирањето на градилиштата и подготвителите работи се во тек и наскоро се очекуваат интензивни градежни активности.
До јавноста апелираат на разбирање.
– Се апелира на разбирање и толеранција на промените кои ќе настанат во опкружувањето и поголема внимателност при движење во близина на градилиштата, стои во соопштението.