Приведена кумановка, откако извршила кражба

Полициски службеници вчера ја лишиле од слобода М.З. (24 години) од Куманово. Таа се сомничи дека истиот ден извршила кражба во приватен имот на улицата „Стево Филиповиќ“. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.