ВИДЕО: СДСМ: Зошто се зголемија цените на услугите, а базенот повторно е затворен?

-Се наоѓаме пред затворениот градски базен, кој од петок е затворен во вистинска смисла на зборот и не работи. Ова е втор пат оваа календарска година, неспособната локална власт да го затвори базенот и тој да не работи. Со тоа голем број на граѓани, спортисти, ученици и спортски клубови ќе бидат лишени од услугите на овој објект.

Како што знаеме и градоначалникот Димитриевски се фалеше во изборната кампања дека има 4.000.000 евра финансиски средства на сметка на општината, a во последниот ребаланс на буџетот и од 2021 година беа трансферирани 3,5 милиони евра во 2022 год.

Советничката група на СДСМ тогаш побара да се зголеми основачкиот влог на ЈП „Куманово-гас“ за дополнителни 8 милиони денари, се со цел 3 милиони денари да одат на сметка на ЈП „Чистота и зеленило“, за работата на затворениот градски базен, а 5 милиони денари за субвенционирање на граѓаните кои користат гас.

Овој наш предлог не само што не беше прифатен туку буквално беше отфрлен.

Во месец мај кога повторно беше отворен  базенот, мнозинството во Советот предводено од „Наше Куманово“, ДПМНЕ, Левица и Алијанса гласаа за зголемување на цените на услугите на овој базен .

(Се прашуваме)

-Зошто се гласаше зголемување на цени на услуги, а сега базенот е повторно затворен?

-Дали воопшто нешто е превземено за намалување на потрошувачката на електрична енергија, дали осветлувањето беше сменето со посоодветно и со помала потрошувачка?

-Дали е направена некаква финансиска анализа?

Со затворањето на базенот освен што ќе ги остави децата ,учениците и спортските клубови без пливачки активности сакаме и да алармираме дека постои и опасност од уништување на опремата ….

Затоа јавно прашуваме,

-Дали постои план за превентивно одржување во вонредни околности на кoтлите за гас, пумпите за вода и дали соларниот систем е во функција?

-Дали се води сметка за целата инсталација сместена под базенот и дали би можела да трпи трајни оштетувања доколку истиот не работи ?

-Дали се предвидени средства во случај на дефекти во опремата за претстојниот зимски период, ако знеме дека на температура под  нула може да создадат трајно оштетување ?

-Дали се предвидени средства од Буџетот за рестарт на базенот, кога и да се случи тоа ?

Почитувани сограѓани,

На следната седница на Совет, сега во петок (21 октомври) на дневен ред  е и измената во Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање за учениците од основните и средните училишта од општина Куманово за 2022 година на која наместо предвидените 6 милони се предлагаат 8 милиони денари финансиски средства за правниот субјект кој управува со базенот ( ЈП „Чистота и Зеленило“) за да си ги покрие трошоците за електрична енергија.

Ова во превод значи дека општина Куманово преку оваа Програма  ги плаќа сметките за електрична енергија  односно го субвенционира работењето на овој базен.

Затоа како одговорен субјект кој работи во интерес на граѓаните, СДСМ и советничката група на СДСМ и коалицијата – цениме и сметаме дека општина Куманово има можност и понатаму да го субвенционира работењето на базенот, нема дополнително многу да ја оптерети што е и од јавен интерес за Куманово и кумановци и воедно да не се создаваат дополнителни штети и оштетувања на истиот, рече на прес-конференција Александар Јовановски, координатор на советничка група на СДСМ во Советот на општина Куманово