Двајца кумановци се заканувале на сограѓанин во близина на угостителски објект по што фрлиле остар предмет кон неговото возило.
Во Секторот за внатрешни работи Куманово, А.М.(42 години) од Куманово пријавил дека околу 15.20 часот, во близина на угостителски објект на бул.„Октомвриска ревоција“, Д.„Н“ и Т.„Н“ му упатиле закани, а Д.„Н“ фрлил остар предмет кон совозачката страна на неговото возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.