Претседателот на Занаетчиската комора, Агрон Фазлији гостин во емисијата „СТАВ“

Претседателот на Занаетчиската комора, Агрон Фазлији гостува во емисијата „СТАВ“ на ТВ Плус.

Тој ќе зборува за актуелната состојба со занаетчиите, последиците од енергетската криза, проблемите со коишто се соочува оваа гранка, но и идните планови.

Ќе се осврне и на издејствуваното субвенционирање на старите занаети кои започна од Куманово, но и на барањата коишто постојано ги укажува комората.

Гледајте „СТАВ“ на ТВ Плус во 20 часот.