Пожарникарите гаснеле сува трева на Доне Божинов и Агино село
Кумановските пожарникари во текот на изминатиот ден имале две интервениции, пренесува регионалниот центар за управување со кризи. Првата била на запален смет и сува трева на улицата Доне Божинов. Пожарникарите гаснеле сува трева и во Агино село. Изминатото деноноќие во Старо Нагоричане не се регистрирани интервенции.