ВИДЕО: Мора да се подобри женското претприемништво, порака од форум на Национална платформа за женско претприемништво

За развој на женското претприемништво неопходна е поддршка од институциите, но и едукација,истакнаа од Националната платформа за женско претприемништво на денешниот настан во Куманово, при што беше истакнато дека дејноста како и останатите е значајно погодена од економската криза. Особено внимание треба да се посвети на жените од руралните средини, кои можат да отворат свои бизниси.