Ромскиот јазик е дел од ромската култура којшто со своите специфики претставува дел од мозаикот на нашето мултикултурно општество.
Со одбележувањето на 5 ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик, придонесуваме во зачувувањето на мајчиниот јазик на ромската заедница чија култура и традиција ја збогатуваат севкупната културна ризница во нашата држава, напиша на својот Фејсбук профил, претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Заложбите и посветеноста кон обезбедување услови за поголема институционална поддршка за изучување, употреба и зачувување на ромскиот јазик се чекор нанапред за негово натамошно негување.
Честит 5 ноември – Светски ден на ромскиот јазик!