Две лица лишени од слобода, поради марихуана

Две лица се лишени од слобода, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана, информира полицијата. Вчера во 21.10 часот на улицата „Гоце Делчев“, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(20 години) од Арачиново и Е.Д.(18 години) од Прилеп затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.