„Чистота и Зеленило“ и мештани пошумуваат во Долно Којнаре

Вработени во јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ заедно со месно население започнаа акција за масовно пошумување во Долно Којнаре.

Како што информираат надлежните од претпријатието годинава е планирано да бидат насадени над 1000 садници. На оваа локација ќе продолжи пошумувањето и наредната година.

Акциите се дел од програмата за долгорочно справување со аерозагадувањето и чист воздух.

Надлежните се надеваат дека ова место кое пред една година беше дива депонија, ќе прерасне во борова шума.