Ѓорѓиевска на регионален форум организиран од УНФПА
Претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска заедно со службеникот за млади Мартин Крстиќ учествуваа на регионалниот форум „Градиме градови за младите во свет на 8 милијарди луѓе“ во Сараево, Босна и Херцеговина каде присуствуваа 120 градоначалници, претставници на општини, службеници за млади од локалната самоуправа и експерти од 47 градови во 13 држави, по повод одбележување на 15-ти Ноември – Денот кога Планетата станува дом на осум милијарди луѓе.
Регионалниот форум е во организација на УНФПА, а целта е размена на информации за политиките и развојот за младите, учество и јакнење на демографската отпорност кај општествата.
