Младата кумановка Ива Дилевска го менува стереотипот за стрелаштвото како „машки“ спорт. За само две години континуирани тренинзи, Ива успеа да го освои првото место во конкуренцијата- жени пиштол на 25 метри на државен натпревар во Скопје и второ место во дисциплината- снајперска тактичка полуавтоматска пушка на 200 метри во конкуренција од 15 врвни стрелци- мажи во Македонија. Ива е 18 -годишна ученичка во интернационалното средно училиште „НОВА“ во Скопје.