Приведен кумановец осоменичен за кражба

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Л.(34 години) од Куманово. Тој се сомничи дека на 18-ти месецов, одзел повеќе предмети од паркирано патничко моторно возило „фолксваген амарок“ на улицата „Моша Пијаде“. Ј.Л. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.