Шеесет и седумгодишен кумановец викендов бил приведен откако се обидел да предизвика пожар во домот на својот сосед. Настанот се случил вчера по полноќ кога полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Ј.(67 години) од Куманово, затоа што по претходна расправија околу 22.45 часот фрлил шише со течност и се обидел да предизвика пожар во домот на соседот Н.Н., информираат од Министерството за внатрешни работи. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.