ВИДЕО: Општинско првенство во кошарка

Во училишната спортска сала на  „Перо Наков“ денеска започна општинското првенство во кошарка во кое учествуваа осум екипи (машки) од основни училишта од градот. В среда ќе се натпреваруваат средношколците, а екипите што ќе освојат прво место на општинското, ќе обезбедат учество на зонското првенство во декември годинава, информира Ивица Ѓорѓиевски, претседател на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Куманово.

– Денеска ќе се игра по куп систем на испаѓање, за трето место ќе се игра денеска, а утре се игра општинско првенство за женски, а ќе се одржи исто како и денеска во спорската сала на средното училиште „Перо Нако“ и финале во кошарката за машки. Во среда ќе се одржува кошарката за средни училишта општинско првенство, прваците од овие општински првенства одат на зонско првенство кое ќе се одржи во месец декември. Инаку, покрај овие општински првенства, во четврток во салата на ООУ „Христијан Карпош“ ќе се одржат натпревари помеѓу основни училишта машки и женски и средни училишта- ракомет. На 29 и 30 ноември  и 01 декември се игра општинско првенство во одбојка во ООУ „Толи Зордумис“, тука имаме голем број на екипи од сите основни и сите средни училишта, изјави Ѓорѓиевски.

Општинскиот сојуз на училишен спорт и годинава, како и лани во спортските активности ги вклучува и учениците од одделенска настава. Како што информира Ѓорѓиевски, второодделенци од пет основни училишта ќе учествуваат во штафетни игри што ќе се одржат в петок, во основното училиште „Толи Зордумус“.