ВИДЕО: Алфи Би го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Под мотото  „СЕКОЈ ДЕН Е НАШ ДЕН“, а по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост Алфи Би Компани, во двата продажни салони во Куманово и Скопје, организираше настан, дружење со лицата со попреченост и нивните родители.

Присуствуваа и претставници на невладини организации, здруженија кои работат на тематики поврзани со лицата со попреченост.  Присутните во Алфи Техноцентар Куманово ги пречека и со нив се дружеше познатиот македонски пејач, Тајзи, додека пак во Скопје присутните имаа можност да се дружат со водителот Марко Новевски.

На настанот во Скопје присуствуваше и Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот од Република Бугарија во Македонија.

Алфи Би Компани веќе 16 години дава еднакви можности за лицата со попреченост, максимална поддршка за вработување, и усовршување.

-Во историјата која што е долга на Алфи Би компани, 30 години, ние сме регистрирани од 2006 година како трговско друштво заштитно кое може да вработува лица со попреченост. Во нашата компанија досега се вработени 120 лица, од кои вкупно 55 се лица со попречност кои извршуваат најразлични обврски кои се од големо и витално значаење за развој и напредок на нашата компанија-истакна Бошко Тасиќ, вработен во Алфи Би Компани.

Алфи Би компани, која успешно работи веќе 30 години, за досегашниот придонес ја доби и овогодинешната Ноемвриска награда, највисокото општинско признание.