ВИДЕО: „2-ра ИПА меѓународна средба Куманово 2022“

ИПА Регион Куманово, по повод 10 години од своето постоење викендов организираше „2-ра ИПА меѓународна средба Куманово 2022“.

На средбата присуствуваа 37 полициски службеници од странство во вкупно 6 номинирани полициски делегации односно, од Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Црна Гора.

Во рамки на одбележувањето се потпиша и збратмување на ИПА Регион Куманово со ИПА Регион Добој како исо ИПА Регион Косовско Поморавље. Се отвори и канцеларија на ИПА Регион Куманово.

Претставниците беа на средба и со градоначалникот Максим Димитриевски.