Вршеле меѓународен превоз без соодветна документација

Викендов од страна на полициски службеници од полициската станица за граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај пет патнички возила-комби, кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на петте возила, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од пет лица од Струмица и струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – дозвола за меѓународен линиски превоз.

По целосно документирање на случаите, Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово ќе биде поднесена пријава по член 284-а од Кривичниот законик – „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.