Утре без струја делови од градот

Неколку локации во Куманово утре ќе бидат привремено без електрична енергија поради интервенции во мрежата. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 07 до 14:30 часот без напојување ќе останат корисниците од улиците „Панчевска“, „Трета МУБ“ .

Од 08 до 10:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од населбата Карпош.

Во период од 09 до 12 часот прекини се најавени за корисниците од селото Долно Којнаре и училиштето „Киро Бурназ.