На седница на Општински совет за социјална заштита, беше усвоен Социјален план на Општина Куманово за претстојниот период (2023-2026 година). Социјалниот план содржи повеќе мерки и активности, како и нови социјални услуги кои треба да се развијат во Општина Куманово во тригодишниот временски период.
Врз основа на усвоениот план ќе биде изготвена програма за социјална заштита на Општината за 2023 година.