ВИДЕО: Во Свети Никола одбележан празникот, но и годишнината од изградбата на црквата

Православните верници денеска го одбележуваат Свети Никола, слава која ја празнуваат најмногу семејства во кумановскиот регион. Соборниот храм Свети Никола во Куманово со свечена литургија денеска го одбележа и јубилејот 170 години од изградбата на црквата.

За таа цел утринава голем број верници ја посетија црквата, сечеа славски колачи, запалија свеќи за здравје и се помолија за најблиските.

Во црковниот храм пред многубројни верници со литургијата началствуваше Митрополит Повардарски, г.Агатангел во сослужение со надлежниот Митрополит Кумановско – осоговски г.Григориј.