Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден бележат две интервенции, информира Регионалниот центар за управување со кризи. Првата интервенција била на опожарена сува трева на улица Октомвриска Револуција. Втората е на опожарен оџак на станбена зграда на улица Тоде Думба. Во пожарот нема предизвикано поголема материјална штета.