МВР ќе продолжи со интензивни контроли во делот на сообраќајот, на сите учесници во сообраќајот за да се создаде што е можно побезбедна сообраќајна средина, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски при денешната посета на СВР Куманово. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе продолжат контролите на автобусите и на јавниот превоз и дека утрово во Куманово се случил помал пожар на автобус, Спасовски потенцираше дека има оперативна акција по која работи МВР во делот на исправноста на превозните средства во јавниот превоз. Тој апелираше до граѓаните, особено сега, во претпразничниот период сите учесници во сообраќајот да се однесуваат одговорно и совесно, да ги почитуваат правилата, прописите, да не се да не се вози под дејство на алкохол, да се води сметка за исправноста на возилата, пешаците да ги почитуваат правилата и прописите со цел, заеднички да се направи побезбедна средина во делот на сообраќајот. Од СВР Куманово и ТППЕ Куманово потврдија дека утрово е пријавено дека е опожарен автобус на влезот на Куманово на улицата „11 Октомври“.