По повод 101 година од раѓањето на македонскиот книжевник Блаже Конески, здружението „За Наше Куманово” денеска организираше крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст. Вкупно беа собрани 80 крвни единици, а 25-мина граѓани денеска првпат даруваа крв.