Младите од Црвен крст со „Новогодишната соба на Дедо Мраз”

Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово по повод новогодишните празници утре и задутре со почеток од 11 до 14 часот на градскиот плоштад  организира собирна акција за донација на потребни материјали за детски новогодишни пакетчиња.

На местото на собирната акција ќе биде поставена „Новогодишната соба на Дедо Мраз” која волонтерите сами ја изработија за потребите на собирната акција. Заинтересираните граѓани можат донираат. Собраните средства, податоци ќе се искористат за изработка на новогодишни пакетчиња за дечињата од руралните средини и социјално загрозените семејства.

Коментари

коментар(и)