ВИДЕО: И екипите на „Чистота и зеленило“ ќе расчистуваат сообраќајници во зимски услови
Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од следната година во зимски услови ќе ги расчистува и сообраќајниците, а не само плоштадите и тротоарите како што беше пракса изминатите години. Дополнително, комуналното претпријатие ќе ги расчистува и дивите депонии во кумановско. Покрај петте милиони денари што ги добива претпријатието за зимско одржување на плоштадите, јавно-прометните површини и сл., за расчистувањето од снежните врнежи на коловозите и сообраќајниците општина Куманово ќе му додели дополителни три милиони денари, информира директорот на „Чистота и зеленило“, Даниел Стојчевски.