МВР соопшти дека вчера во 15 часот полициски службеници од СВР Куманово привеле 22 -годишна жена од Тетово. Таа се сомничи дека истиот ден одзела паричник и пари од канцеларија на вработена во Центарот за зависности во Куманово.
Б.Ј. била приведена во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По документирање на случајот, против лицето ќе следи соодветна пријава, информира МВР.