Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на ниво на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 172 возачи. Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место, информираат надлежните.