ВИДЕО: Опаѓа бројот на вакцинирани деца во предучилишна возраст

Од година в година се помал број на деца од предучилишна возраст редовно ги примаат вакцините пропишани со календарот за имунизација. Родителите најмногу се плашат од вакцината МРП, посочуваат од Детскиот диспанзер при Здравствен дом Куманово, потенцирајќи дека имунизацијата е најдобриот начин да ги заштитиме нашите деца од болести.