Кумановци се тепале во угостителски објект
Двајца кумановци вчера физички се пресметувале во угостителски објект на автопатот Куманово – Табановце. Еден час и 40 минути по полноќ било пријавено дека во ресторан на бензинска пумпа на автопат Куманово – Табановце дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.