Општинската организација на Црвен крст Куманово објави конкурс за обука на личен асистент на лица со попреченост. Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да поседуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат до 10-ти февруари. Кандидатите треба да се државјани на Македонија, да се на возраст од 18 до 65 години, невработени, со минимум завршено средно образование, да имаат општа психо-физичка способност за работа и да бидат мотивирани да работат со лица со попреченост. Можат да се пријават на телефонскиот број 031/424-179 или на електронската адреса kumanovo@redcross.org.mk. Пријавените ќе бидат повикани на интервју, информираат од Црвениот крст на Куманово.