Табличките со ознаката МК, мора да ги променат со НМК

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12-ти февруари идната година, мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката „МК“ со ознаката „НМК“.

Согласно Законот за возила и Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање, сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник, односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12-ти февруари 2024 година.