Продолжува реконструкцијата на мостот на „Ѓорче Петров“, повторно сообраќај само на една коловозна лента

По повторното активирање на работите на железничката пруга Куманово-Бељаковце, продолжува и реконструкцијата на дел од мостот на улицата „Ѓорче Петров“ на влезот во населбата „Перо Чичо“. Повторно е во функција само една коловозна лента, а сообраќајот го регулира времено поставен семафор.

Реконструкција на постоечкиот железнички подвозник и изградба на нов патен надвозник започна во 2019-та година, по што тогашната градежна фирма ја повлече својата механизација, и не ја заврши оваа фаза.

Општината со свои средства ја стави во функција коловозната лента, а против инвеститорот информираше дека ќе поведе постапка за надомест на штета, бидејќи беа пробиени сите рокови.

И Министерството за транспорт и врски информираше дека ќе покрене постапка против германската фирма.